Ѓорѓиевски најави албански изведувач во новогодишната програма на плоштад „Македонија“
19/12/2025 10:50
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, откри дека Градот работи на проширување на новогодишната програма која ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.
Тој изјави дека ја уважил забелешката од дел од албанските новинари кои прашале зошто во програмата нема ниту еден албански изведувач, иако целиот проект е поддржан од Државната видеолотарија.
„Разговарав со мојот тим од Град Скопје и ќе се обидам да обезбедам и албански пејач или пејачка што ќе настапи за Новата година“, рече Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека целта е програмата да биде поразновидна и инклузивна.






