MKinformer

your daily dose of news

ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа

22/12/2025 9:46

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ја критикуваше стратегијата на Европската унија за санкции против Русија, тврдејќи дека мерките не ги постигнале очекуваните резултати и дека наместо „да ја скршат Русија“, ја погодиле самата Европа. Орбан ги изнесе ставовите во објава на платформата Х (поранешен Твитер).

„Брисел вети дека санкциите ќе ја скршат Русија. Наместо тоа, ја скршија Европа. Цените на енергенсите експлодираа, конкурентноста опадна, а Европа заостанува. Потребни се преговори, а не ескалација“, напиша Орбан, додавајќи дека граѓаните заслужуваат подобра и постабилна политика.

Тој оцени дека интерес за продолжување на војната имаат „политичарите кои веруваат дека нуклеарна сила може да се победи на бојно поле“, производителите на оружје кои профитираат од конфликтот и банкарските кругови што се обложуваат на воен пораз на Русија.

Орбан повтори дека заемот од 90 милијарди евра за Украина, одобрен од 24 земји–членки на ЕУ, претставува преседан. Според него, овој заем е поврзан со воен исход, а не со економска стабилизација – што, како што вели, носи долгорочни ризици.

„Логиката е јасна, кој позајмува пари, очекува тие да се вратат. А во овој случај, повратот би бил можен само ако Русија е поразена“, напиша Орбан, предупредувајќи дека ваквата политика ги мотивира државите да продолжат со финансирање на конфликтот наместо да работат кон мир.

Тој истакна дека Унгарија свесно избегнува учество во иницијативи кои создаваат економски или политички интерес за продолжување на војната. „Не бараме пат кон војната, туку излез кон мирот. Тоа е стратешка трезвеност, во интерес на Унгарија и долгорочно во интерес на Европа“, порача премиерот.

Орбан додаде дека вложувањето дополнителни 90 милијарди евра нема суштински да ја промени ситуацијата на терен.

„Колку подолго трае војната, толку поисцрпена станува Украина. Време е за преговори, време е за мир“, заклучи тој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!