Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец за време на протест на Пластичарска
24/12/2025 12:43
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 24-годишниот А.С. од Скопје, поради напад врз полициски службеник на подрачјето на Бит Пазар.
Инцидентот се случил на 23 декември 2025 година околу 15:10 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Македонско-косовска бригада“. Според информациите, осомничениот физички го нападнал полицаецот додека тој извршувал службени задачи, односно го регулирал сообраќајот за време на одржување протест.
Повредениот полициски службеник бил пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






