Прекин на водоснабдување во повеќе улици во Скопје поради дефекти и реконструкција
29/12/2025 11:52Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето во повеќе делови од градот, поради дефект и реконструкција на водоводната мрежа.
🔧 Поради дефект на приклучна цевка од ф 1” (цол) на улица Товарник 15а, без вода ќе останат:
-
корисниците од ул. Товарник
-
дел од корисниците од ул. Сречко Пужалка
Прекинот започнал во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
🚧 Поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф-100 мм на улица Димитар Благоев бб, без вода ќе бидат корисниците од:
-
ул. Благој Мучето
-
ул. Ѓорѓи Андревиќ Кун
-
ул. Ернест Телман
-
ул. Дете Татуличе
И овој прекин започнал во 09:00 часот и ќе трае до целосно завршување на интервенцијата.
Од Водовод апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат неопходните технички зафати.


