MKinformer

your daily dose of news

Верижен судар на булеварот „Теодосиј Гологанов“: Четири возила оштетени

14/01/2026 9:43

Верижен судар со учество на четири возила се случи вчера на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во Скопје, во непосредна близина на маркетот Веро. Според првичните информации, дел од возилата се сериозно оштетени.

На местото на настанот интервенираа надлежните служби, кои извршија увид за да се утврдат причините за сообраќајната незгода и дали има повредени лица. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Поради незгодата, сообраќајот на овој дел од булеварот се одвиваше отежнато, при што беа забележани краткотрајни застои.

error: Содржината е заштитена од копирање !!