Две сообраќајки утрово го отежнаа сообраќајот низ Скопје
17/06/2026 11:44
Две сообраќајки во Скопје утрово предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот на две локации. Според информациите од МВР, увидот за двете сообраќајни незгоди е во тек.
Првата незгода се случила на скопската обиколница, во близина на клучката Мирковци. Поради сообраќајката, во овој дел од градот сообраќајот се одвивал забавено, со колони од возила.
Незгода на обиколницата кај Мирковци
„Денеска (17.06.2026) во 05:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, од Бутел кон Мирковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило, двете со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек“, информираа од МВР.
Втора сообраќајка во Аеродром
Втората сообраќајна незгода е регистрирана во населбата Аеродром.
„Денеска (17.06.2026) во 07:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки. Увидот е во тек“, соопштија од полицијата.





