Информер од лице место: На автобус на ЈСП му испаднало тркало, избегната поголема несреќа
18/01/2026 17:11
Денеска околу 13:00 часот, во скопскo Марино, се случил сериозен инцидент со автобус на ЈСП Скопје на линијата 63А, кога за време на возење му испаднало тркалото.
Очевидци сведочат дека ситуацијата изгледала „како на филм“, а автобусот во моментот бил полн со патници. Според нивните изјави, линијата 63А важи за една од понередовните, што дополнително ја зголемило загриженоста кај патниците.
Благодарение на брзата и присебна реакција на возачот, автобусот бил навремено запрен и спречена е поголема сообраќајна несреќа. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а патниците биле безбедно евакуирани.
Засега нема официјална информација од ЈСП за причините поради кои дошло до дефектот, ниту дали ќе биде покрената внатрешна истрага за техничката исправност на возилото. Се очекува јавното претпријатие да се произнесе во текот на денот.
Инцидентот повторно го отвори прашањето за состојбата на возниот парк и безбедноста во јавниот превоз во Скопје, тема која подолго време е предмет на реакции од граѓаните.
Фотографии од лице место 👇






