MKinformer

your daily dose of news

ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА ЗАШТО АВТОБУСОТ НА ЈСП СЕ ЗАБИ ВО ЖАРДИНЕРАТА КАЈ МАВРОВКА

09/07/2024 13:27

– „Ми е жал за патниците, ама такво нешто веќе не може. Доста веќе. Со партал возила пренесуваме патници, што не се виновни“. Вака возачот во ЈСП ја опиша вчерашната незгода кај „Мавровка“, откако со автобус удри во жардинера кај трговскиот центар. Веднаш по незгодата, тој заедно со еден патник биле пренесени во болница.

-А токму вчерашната незгода, ја прикажува вистинската слика за тоа како фунционира претпријатието.

Возачот не штедеше зборови за целиот хаос во ЈСП, особено за состојбата на автобусите и нивното сообраќање по улиците е вистински ризик за сите.

-Пред да ми се случи, јас слушнав дека пукна кај воланот нешто. И ме повлече. Ова првпат ми се случува. Јас го влечам воланот на десно, автобусот ме качи горе. Јас со години ја должам линијата „двојка“. Од Сарај до Автокоманда и обратно ги знам најситните дупки. Ми побеле косата од на волан. Целиот се ежам,- изјава, Февзи Азири – возач на автобус во ЈСП.

Новиот директор на ЈСП, демантираше дека автобусот бил неисправен. Вели дека жали за целата случка и вети дека нема да има реперкусии кон возачот кој упати силни критики за состојбите на претпријатието.

-Не би требало да плачат вработените, ве разбирам, срамота е. Да не ги користиме вработените за други цели. Јас не сум стручен, дадена е надлежност да работат службите, да видат која е причината. Мои сознанија се дека во сообраќај се пуштаат само исправни автобуси. Дали е тоа така или не, мое е да проверам. Тој е мој вработен и пријател. Нема потреба од реваншизам. Нема да имаш никакви реперкусии, изјави, Драги Кушовски – в.д. директор на ЈСП – Скопје.

За алармот пак да биде поголем, од синдикалните организации соопштија дека овој автобус, технички неисправен, претходно пренесувал патници и на Водно.

-Имаме сознанија, дека истиот овој автобус, пред извесно време го користеле и за возење до Водно. Замислете ако такво нешто се случело. Автобусот има техничка грешка, за среќа возачот реагирал присебно и не е дојдено до несакани последици,- изјава, Марјан Ристески – КСОМ.

-Се возат дефектни возила, се возат возила без клими. Доколку возачот се повлече во гаражата заради клима, му вршат притисок и го уценуваат. Луѓето возат на 60 степени, ни тоалет, ни пауза, никакви услови за работа,- Елизабета Тошевска – синдикат „Спајс“ на ЈСП Скопје.

Проблемите во ЈСП траат подолго време. Од доцнење на автобусите, штрајкови поради долгови и возење со последни резерви нафта. Голем дел од граѓаните се незадоволни од автобускиот превоз, кој е и тоа како потребен за функционирањето во главниот град.

error: Содржината е заштитена од копирање !!