Камерунец си купил француска лична карта во Скопје за 1000 евра
26/01/2026 20:45
Државјанин на Камерун е приведен на Граничен премин Табановце при обид да ја напушти државата со француска лична карта што не била негова и која била заведена како документ по кој трага Интерпол.
Инцидентот се случил на 25 јануари 2026 година, околу 18:12 часот, при излез од земјава. За време на редовната гранична контрола, полициските службеници се посомневале во исправноста на документите што ги приложил 29-годишниот П.М.Ф.Б., по што била извршена дополнителна проверка.
Со проверката било утврдено дека личната карта му припаѓа на друго лице кое се наоѓа на меѓународна потерница. Понатамошните проверки покажале дека приведениот бил евидентиран како корисник на Прифатен центар Визбегово.
Пред полициските службеници, тој изјавил дека спорниот документ го купил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.
По апсењето, странскиот државјанин бил предаден на службеници од СВР Куманово, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






