ЗАПЛЕНЕТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКОВИ, ПРОИЗВОДИ ЗА СЦЕНСКИ ЕФЕКТИ И ДРУГО
21/05/2025 11:23
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати.
Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при што запленети се 53 штеки цигари, 19 килограми режан тутун, како и 480 никотински ќесички, за коишто сторителите требало да платат вкупни давачки од 355 илјади денари.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници заплени околу 19 килограми режан тутун, пронајден при контрола на автомобил во близина на Арачиново. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежен суд.

Мобилен царински тим при контрола на автомобил што го управувал турски државјанин на граничен премин Блаце откри непријавени 93 разни производи меѓу кои уметнички слики, украси обувки и производи за домаќинство.

Производи за сценски ефекти (100 пакувања од 200 грама композитен титаниум за сценски ефект и 144 садови со течност за огнен ефект) се пронајдени при контрола на збирна стока која била со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје. Стоката била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија и истата не била опфатена во царинските документи.

Од страна на царински службеници на граничниот премин Блато под седиштата на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата откриени се 20 вакцини за животни Poliovin од 100 ml за кои е потребна дозвола за увоз.
Мобилен царински тим при личен претрес на патник, македонски државјанин, откри 5.200 евра што истиот сакал нелегално да ги изнесе од државата преку граничен премин Богородица. Патникот со себе носел 7.200 евра, при што вратени му се 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи во износ од 5.200 евра се привремено задржани





