MKinformer

your daily dose of news

Кочани ќе добие спомен-обележје „Патека на бесконечноста на 63 ангели“ во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

31/01/2026 14:52

Советот на Општина Кочани едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста на 63 ангели“, посветено на жртвите кои го загубија животот во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“.

Иницијативата е поднесена од Здружение 16 март 2025 Кочани и беше усвоена со 19 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, што ја отсликува општата поддршка за проектот.

Спомен-обележјето ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје на Кочани, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. Просторот е избран како симболично и достапно место за сеќавање и оддавање почит на загинатите.

Со донесената одлука, градоначалникот Владко Грозданив се овластува по итна постапка да формира работно тело кое ќе го координира целиот процес на реализација. Целта е спомен-обележјето да биде завршено до 16 март, кога ќе се наврши една година од трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Од Советот истакнаа дека споменикот ќе биде траен потсетник на загубените животи, но и повик за одговорност, солидарност и колективна меморија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!