MKinformer

your daily dose of news

Улици од овие две скопски општини денеска без струја – еве во кои улици

02/02/2026 11:19

Од РЦУК Скопје информираат дека добиле известување од ЕВН Македонија АД за планиран прекин на електричната енергија денеска, 2 февруари 2026 година.

Според најавата, поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе останат делови од две скопски општини во утринските часови.

Од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, на подрачјето на Општина Аеродром.

Во истиот временски период, прекин на струја ќе има и кај дел од корисниците на улицата Индира Ганди, во Општина Шуто Оризари.

Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и укажуваат дека електричната енергија ќе биде повторно воспоставена веднаш по завршување на планираните активности.

error: Содржината е заштитена од копирање !!