MKinformer

your daily dose of news

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина

07/02/2026 23:43

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека решително се спротивставува на испраќање финансиска и воена поддршка за Украина, предупредувајќи дека таквите одлуки можат да ја вовлечат Унгарија во директен конфликт со Русија.

Во објава на социјалната мрежа X, Орбан порача дека сегашните барања за поддршка се само почеток на многу посериозни последици.

Кога зборуваме за војна, мора да зборуваме јасно: 1. Денес, опасноста е испраќање унгарски пари во Украина. 2. Утре, може да бидат испратени млади Унгарци да се борат. Европските трупи во Украина би значеле директен конфликт со Русија. Унгарија вели не, ние одбиваме да, напиша унгарскиот премиер.

Тој нагласи дека Унгарија јасно и недвосмислено одбива да учествува во вакви иницијативи и дека неговата влада ќе продолжи да се залага за мирно решавање на конфликтот.

Орбан и претходно повеќепати изразуваше резерви кон политиките на Европската Унија за воена поддршка на Украина, истакнувајќи дека ескалацијата на конфликтот претставува закана за безбедноста на целиот европски континент. Неговите ставови честопати го ставаат Будимпешта во судир со доминантната позиција на Брисел и дел од земјите членки на ЕУ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!