MKinformer

your daily dose of news

Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград: побарани 20.000 евра, драмата заврши со полициска интервенција

08/02/2026 12:23

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа во Белград, во близина на Бетон Хала, каде, според неофицијални информации, од него биле побарани 20.000 евра.

Како што се дознава, киднаперите го врзале пејачот и го однеле со неговиот автомобил кон Рума. Драмата, за среќа, завршила без повреди откако сообраќајна полициска патрола се обидела да го запре возилото. Осомничените удриле во тротоар, излегле од автомобилот и избегале, додека Кајмакоски бил пронајден жив и неповреден.

Според првичните сознанија, по сторителите се трага, а не се исклучува можноста да станува збор за странски државјани. Случајот е во фаза на истрага и надлежните институции не изнесуваат дополнителни детали.

Даниел Кајмакоски на јавноста ѝ е познат и по својата хуманост. По победата во шоуто Твоето лице звучи познато, тој ја донираше наградата од 25.000 евра на самохрана мајка од Куманово со две деца, на кои им беа потребни средства за медицински интервенции. „Го послушав срцето“, изјави тогаш Кајмакоски, апелирајќи за дополнителна помош.

Пејачот е најпознат и како победник на првата сезона од X Factor Adria, а веста за инцидентот ја пренесе и Србија данас.

One thought on “Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград: побарани 20.000 евра, драмата заврши со полициска интервенција

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!