MKinformer

your daily dose of news

Хаос кај Хиподром: Се судрија БМВ и Камион

11/02/2026 9:25

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар синојка предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град.

Според првичните, засега неофицијални информации, станува збор за судир меѓу патничко возило „БМВ“ и камион, по што избувнал пожар, дознава МК Информер. Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош.

Засега нема официјална потврда за евентуално повредени лица, ниту детали за причините за несреќата.
Се очекува наскоро да излезат официјалните информации.

Дополнително, возачи јавуваа за застој или нова сообраќајна незгода и по патарината Миладиновци, во близина на исклучувањето кон Илинден, но за среќа немаше друга сообраќајна несреќа.

One thought on “Хаос кај Хиподром: Се судрија БМВ и Камион

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!