MKinformer

your daily dose of news

Трагедија на скопската обиколница: Четири лица загинаа во судир меѓу БМВ и камион

22/05/2026 7:44

Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани.

Според првичните информации, во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ и камион. По директниот судир, автомобилот се запалил.

Несреќата се случила околу половина час пред полноќ. На местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош.

Од силината на ударот, патничкото возило целосно изгорело.

Според првичните информации објавени во медиумите, можно е причина за трагедијата да биде преминување на камионот, кој имал косовски регистарски таблички, во спротивната лента.

Неофицијално, се споменува и можност возачот на товарното возило да изгубил свест поради замор непосредно пред судирот.

Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за идентитетот на загинатите. Исто така, сè уште не е познато дали станува збор за семејство или за група патници.

Истражните органи во текот на ноќта извршиле увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

One thought on “Трагедија на скопската обиколница: Четири лица загинаа во судир меѓу БМВ и камион

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!