MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Тепачка кај мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје

11/02/2026 17:44

Инцидент се случил денеска околу 15:00 часот во центарот на Скопје, кај мостот Гоце Делчев, каде велосипедист и возач на патничко возило влегле во физичка пресметка.

Читател на МК Информер достави видео од настанот, на кое се гледа како двајцата мажи се расправаат, а потоа и физички се пресметуваат на коловозот. Според информациите, причина за инцидентот била расправија околу тоа „кој има предност на минување во сообраќајот“.

Засега нема официјална информација дали на местото пристигнала полиција, ниту дали против некого ќе биде поднесена пријава. Не е познато ниту дали тепачката била прекината од случајни минувачи или завршила пред да интервенираат надлежните служби.

Инцидентот предизвикал краткотраен застој и внимание кај минувачите, а граѓаните повторно апелираат за поголема сообраќајна култура и почитување на правилата, со цел да се избегнат вакви ситуации.

error: Содржината е заштитена од копирање !!