Прекини на струја и вода денес во Скопје, повеќе скопски општини со најавени застои
12/02/2026 9:50
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има привремени прекини на електрична енергија во повеќе делови од Скопје поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Без струја ќе останат:
-
Од 08:00 до 13:00 часот – дел од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Кисела Вода;
-
Од 09:00 до 11:00 часот – жителите на село Гврлево, општина Сопиште;
-
Од 09:00 до 15:00 часот – корисниците на улица 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Од ЕВН посочуваат дека прекините се поради технички интервенции со цел подобрување на стабилноста и сигурноста на електродистрибутивната мрежа.
Во меѓувреме, од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска ќе има и прекин во водоснабдувањето во општина Бутел.
Поради изведување на водоводен приклучок со профил ф-225 мм на улица Радишанска Лево бб (Бел Камен), без вода ќе останат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе трае сè до завршување на интервенцијата.
Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски согласно најавените прекини.





