Уапсен маж во Клинички центар: Се заканувал со нож на 59-годишник и неговото семејство
13/02/2026 13:31
Вчера (11.02.2026) во 13:30 часот, во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г. (55), информираат од полицијата.
Според полицискиот билтен, приведувањето следувало по претходна пријава дека лицето најпрво упатувало вербални закани, а потоа со остар предмет се заканувало на З.К. (59) и на членови од неговото семејство.
По преземените мерки и активности, осомничениот бил приведен во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за расчистување на настанот.




![Ноќеска уапсен скопјанец во Кисела Вода пукал кон сопругата и им се заканувал на своите три ќерки semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)
