Јотова: До јуни решение или нема напредок во ЕУ
14/02/2026 0:09
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој се однесува на човековите права.
Според Јотова, токму првиот кластер е темелот на целиот преговарачки процес и Бугарија нема да прифати негово заобиколување или одложување.
„С Македонија да не се лаже дека има покус пат, до јуни треба да се реши прашањето ако сè уште сака да биде дел од ЕУ“, изјави таа.
На Минхенска безбедносна конференција, Јотова остварила средба со Антонио Кошта, при што разговарале за проширувањето на Унијата, состојбите на Западен Балкан и бугарската позиција во однос на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
Таа повтори дека без измени на Уставот и впишување на Бугарите како дел од народите во државата, нема да има напредок во европската интеграција. Според неа, овие услови се во согласност со европските критериуми и се дел од договорената рамка.
Јотова нагласи дека до јуни, со ангажман на Бугарија и европските партнери, треба да се најде решение доколку Северна Македонија сака да продолжи по патот кон членство во Европската Унија. Таа додаде дека Бугарија ќе продолжи цврсто да ги брани своите национални интереси во рамките на европските институции и НАТО, посочувајќи на својата позиција како надворешна граница на ЕУ и потребата Европа да преземе поголема одговорност за безбедноста и иднината на регионот.






