Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Марк Руте
03/03/2026 10:24
Поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Од СВР Скопје информираат дека ќе се преземаат мерки за регулирање на сообраќајот, со цел безбедно и непречено одвивање на посетата и активностите поврзани со неа.
Полицијата апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите движења низ градот.
Се очекуваат повремени краткотрајни застои и пренасочувања на сообраќајот во централното градско подрачје.




![Извecтyвaњe oд MВP: Пoceбeн peжим нa cooбpaќajот вo Скопје во тeкoт нa yтpeшниoт дeн policija-rezim[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/07/policija-rezim1.jpg)

