Посета на Албин Курти во Скопје: Посебен сообраќаен режим во центарот на градот
10/02/2026 14:18
Денеска, 10 февруари 2026 година, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје. Се очекуваат времени ограничувања и пренасочување на сообраќајот на одредени улици, во зависност од движењето на делегацијата.
Од надлежните институции упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот и успешна реализација на официјалната посета.
Граѓаните се повикуваат да покажат разбирање и, доколку е можно, да користат алтернативни сообраќајни правци во текот на денот.


![Извecтyвaњe oд MВP: Пoceбeн peжим нa cooбpaќajот вo Скопје во тeкoт нa yтpeшниoт дeн policija-rezim[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/07/policija-rezim1.jpg)



