MKinformer

your daily dose of news

ЦРНИ БРОЈКИ НА УНИЦЕФ: За 7 дена од нападите на САД и Израел врз Иран, загинале скоро 300 деca

06/03/2026 13:36

Речиси 200 деца загинале на Блискиот Исток од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, соопшти Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Според организацијата, најмалку 181 дете се убиени во Иран, 7 во Либан, 3 во Израел и 1 во Кувајт.

„Децата не ги започнуваат војните, но за нив плаќаат неприфатливо висока цена. Воената ескалација на Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека на 28 февруари, првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран, било погодено училиште за девојчиња во градот Минаб во јужниот дел на земјата. Според нивните информации, во нападот загинале најмалку 175 ученички.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, ги обвини САД и Израел за нападот и за смртта на ученичките.

Од друга страна, израелската војска соопшти дека во таа област немало израелски или американски напади. САД, пак, нагласуваат дека нивните операции се насочени исклучиво кон воени цели и најавија истрага за настанот во Минаб.

Меѓународните организации предупредуваат дека продолжувањето на конфликтот може дополнително да ја влоши хуманитарната состојба во регионот, особено за најранливата категорија – децата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!