Блумберг: За да се сруши еден ирански дрон од 20.000 долари, САД и сојузниците трошат по 16 милиони долари
09/03/2026 12:25
Војната со Иран брзо ги троши резервите на скапи ракети на САД, а доколку сегашниот интензитет на нападите продолжи, тие би можеле значително да се намалат во рок од неколку дена, објавува Bloomberg.
Иран спроведува напади во бранови со беспилотни летала од типот Shahed-136, чија цена е околу 20.000 долари. Од друга страна, САД и нивните сојузници ги пресретнуваат со противракетни системи Patriot PAC-3, каде секоја ракета чини приближно 4 милиони долари.
Drone shahed – 136 https://t.co/AT2Hko3GFa pic.twitter.com/YCsejXTmlm
— Mindful Wealth (@pesanibundaku) March 6, 2026
Ако се земе во предвид дека за да се пресретне и сруши еден дрон Shahed-136, САД и нивните сојузници од Блискиот Исток кои се мета на иранските напади употребуваат во просек по 4 ракети Patriot PAC-3 во просек. Во пари тоа значи дека САД и нивните сојузници за да срушат еден дрон од 20.000 долари трошат 16 милиони долари.
Извори за Блумберг велат дека со сегашното темпо на напади бројот на ракети „Патриот“ во регионот може значително да се намали во наредните денови.
Компанијата Lockheed Martin соопшти дека во 2025 година биле произведени околу 600 вакви ракети.
Во Катар, според интерна анализа, постојните резерви на „Патриот“ ракети би можеле да траат околу четири дена при сегашниот интензитет на користење. Сепак, властите во земјата тврдат дека нивните арсенали засега се доволни.
Експертите предупредуваат дека САД веројатно не распоредиле доволно муниција во регионот за да издржат четиринеделна воена кампања – временска рамка што претходно ја споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп.
Според проценките на Bloomberg Economics, Иран располага со околу 2.000 балистички ракети и значително поголем број напаѓачки дронови. Од почетокот на годината, Техеран веќе употребил повеќе од 1.200 ракети и дронови.
Околу 90 проценти од тие напади се извршени со дронови, додека балистичките ракети, според аналитичарите, се користат за поважни цели.
Експертите предупредуваат дека стратегијата на исцрпување може да му оди во прилог на Иран, бидејќи евтините дронови го принудуваат противникот да троши многу поскапи ракети за нивно пресретнување.
„Страната што ќе успее подолго да ја одржи својата воена способност ќе добие значителна предност“, оценуваат аналитичарите.






