(ВИДЕО) Гори арапската нафта: Ирански дронови ја погодија Рас Танура
02/03/2026 20:14
Државната нафтена компанија Saudi Aramco привремено ги запре сите операции во својата рафиналерија во Рас Танура, откако објектот утринава бил погоден од ирански дронови.
Рафиналеријата Рас Танура, со капацитет од 550.000 барели дневно, важи за една од најголемите во светот и претставува клучна точка за извоз на саудиска нафта кон Азија, Европа и САД.
Another view of Saudi Arabia’s Aramco oil refinery following Iranian strike pic.twitter.com/eKIrq6PxoT
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) March 2, 2026
Според извори од индустријата и потврда од саудиското Министерство за одбрана, два ирански дрона биле пресретнати и уништени над објектот. Сепак, остатоците предизвикале мал пожар кој брзо бил ставен под контрола.
Нема пријавени жртви, а властите соопштија дека ситуацијата е под контрола.
Рафиналеријата е затворена како превентивна мерка за безбедносни проверки и проценка на евентуалната штета. Со тоа привремено е прекинато и товарењето на сурова нафта од терминалот Рас Танура.
NEW:
🇸🇦🇮🇷 The ARAMCO refinery in Ras Tannoura, Saudi Arabia, is on fire pic.twitter.com/kUNTqzi6NH
— Megatron (@Megatron_ron) March 2, 2026
Иако Saudi Aramco сè уште нема издадено официјално соопштение, саудиските власти уверуваат дека снабдувањето со нафтени производи за домашниот пазар не е загрозено.
Инцидентот се случува во контекст на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на енергетската инфраструктура во Заливот.
Аналитичарите предупредуваат дека ваквите инциденти би можеле да доведат до нов раст на цените на нафтата на светските пазари, особено ако дојде до подолготрајно нарушување на извозните текови.
JUST IN:
🇸🇦🇮🇷 All operations at ARAMCO’s Ras Tannoura refinery in Saudi Arabia have been suspended pic.twitter.com/7ViJEAGDqI
— Megatron (@Megatron_ron) March 2, 2026






