MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Сенаторот Ван Холен: Конгрлесот одлучува дали САД ќе оди во војна, Трамп ја однесе Америка во војна по сопствен избор, тоа е против Уставот

09/03/2026 20:31

Американскиот сенатор Крис Ван Холен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради започнувањето на воени операции против Иран, оценувајќи дека станува збор за „незаконска војна по избор“ со цел промена на режимот.

Според Ван Холен, одлуката за воена интервенција е донесена без одобрување од Конгресот, што според него претставува кршење на Уставот на САД.

Тој предупреди дека ваквиот потег не ги прави Американците побезбедни, туку напротив – ја продлабочува кризата и го вовлекува Вашингтон во се поширок конфликт на Блискиот Исток.

Сенаторот исто така истакна дека Трамп со ова ги прекршил своите претходни ветувања дека нема да започнува нови војни, и дека наместо тоа ја вовлекол земјата во нова воена конфронтација.

Ван Холен повика Конгрес на САД да реагира и да ја запре воената операција преку резолуција според Законот за воени овластувања (War Powers Resolution), механизам со кој законодавниот дом може да ограничи или запре воени дејствија без негова претходна согласност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!