MKinformer

your daily dose of news

Драстично поскапување на горивата: Ова се новите цени

09/03/2026 15:09

Донесена е нова одлука од Регулаторна комисија за енергетика за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горивата за транспорт во земјава, со која се бележи значително поскапување на горивата.

Според новата одлука, дизел горивото поскапува за 14,5 денари по литар, додека бензинот поскапува за 5 денари.

Согласно новиот ценовник:

  • ЕУРОДИЗЕЛ БС – 85,50 денари за литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,50 денари за литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,50 денари за литар

  • Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 82,50 денари за литар

  • Мазут М-1 НС – 42,586 денари за килограм

Не е прашање „дали“, туку колку ќе поскапат горивата во Македонија?

Во соопштението се појаснува дека станува збор за највисоки дозволени малопродажни цени, во кои е пресметан и Данокот на додадена вредност (ДДВ).

Тоа значи дека трговците на големо и мало имаат законско право да ги формираат цените и пониско од утврдениот максимум, во зависност од нивната деловна политика и условите на пазарот.

One thought on “Драстично поскапување на горивата: Ова се новите цени

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!