MKinformer

your daily dose of news

Не е прашање „дали“, туку колку ќе поскапат горивата во Македонија?

09/03/2026 13:14

По зголемувањето на воените дејствија на Блискиот Исток, денеска се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ја објави новата одлука за малопродажните цени на горивата во земјава.

Минатата недела светските пазари беа под силно влијание на геополитичките случувања, при што референтната цена на суровата нафта брент достигна околу 104 долари за барел.

Аналитичарите предупредуваат дека трендот на раст може да продолжи доколку нестабилноста на Блискиот Исток се продлабочи, особено по ескалацијата на конфликтите во регионот.

Освен на цената на нафтата, експертите предупредуваат дека ситуацијата може да предизвика ценовен шок и кај други производи, бидејќи горивата имаат директно влијание врз транспортните трошоци и цените на храната и услугите.

Одлуката на Регулаторната комисија се очекува да покаже дали и колку ќе се променат цените на бензинот и дизелот на домашниот пазар.

One thought on “Не е прашање „дали“, туку колку ќе поскапат горивата во Македонија?

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!