MKinformer

your daily dose of news

СДСМ бара итни мерки по новото поскапување на горивата

16/03/2026 17:54

СДСМ бара итни мерки за поскапувањето на горивата. Тие предупредуваат дека од утре следува ново поскапување на горивата. Според партијата, дополнително ќе ги зголеми цените на производите, особено на прехранбените.

Социалдемократите велат дека е потребна итна реакција, бидејќи новиот раст на цените ќе значи уште поголем удар врз стандардот на граѓаните.

Филипче понудил три мерки

СДСМ потсетува дека пред една недела претседателот на партијата, Венко Филипче, предложил три клучни мерки за намалување на цените на горивата.

Првата мерка е намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти. Втората е намалување на акцизата за 4 денари. Третата мерка е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.

СДСМ бара итни мерки за поскапувањето на горивата

Според СДСМ, овие мерки треба да се воведат веднаш.

Од партијата оценуваат дека Владата мора итно да реагира, бидејќи во спротивно ќе следува уште подлабока криза. И дека граѓаните ќе се соочат со сериозни тешкотии во секојдневниот живот.

Во соопштението се наведува и дека народот нема да може да издржи нов бран поскапувања, особено кога станува збор за храната и основните трошоци.

Најавени законски решенија во Собранието

СДСМ најави дека веќе има подготвени предлог-законски решенија и мерки.

Според партијата, тие ќе бидат поднесени во Собранието почнувајќи од утре.

Со ова, опозицијата се обидува да го стави прашањето за горивата и цените во фокусот на политичката дебата, во време кога секое ново поскапување директно се чувствува во домашниот буџет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!