MKinformer

your daily dose of news

Цените на нафтата со благ раст и покрај примирјето

24/04/2026 9:47

И покрај вестите за продолжување на примирјето меѓу Израел и Либан, цените на нафтата со благ раст се забележува утрово на светските берзи. Северноморската нафта Brent поскапе за 0,7 проценти и достигна речиси 105,8 долари за барел, додека американската сирова нафта порасна за 0,6 отсто на 96,5 долари за барел.

Цените на нафтата со благ раст продолжуваат и откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги одложат нападите се додека Иран не понуди „единствен предлог“ за решавање на конфликтот. Сепак, загриженоста на берзите останува висока – продолжените борби меѓу Израел и Либан би можеле да го нарушат кревкото примирје меѓу САД и Иран. Техеран соопшти дека судирите претставуваат директно прекршување на условниот прекин на огнот.

Дополнителен притисок врз пазарите создава фактот што и натаму се во прекин испораките преку клучната Ормуска Теснина, што значително ги нарушува глобалните енергетски текови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!