Делови од Кисела Вода и Центар денеска без струја и вода
04/05/2026 7:36
Делови од скопските општини Кисела Вода и Центар денеска ќе останат без струја и вода поради зафати на електродистрибутивната и водоводната мрежа.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 15:30 часот.
Станува збор за потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до црквата „Св. Спас“ во Драчево.
Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека дел од корисниците во Општина Центар ќе останат без вода поради уличен дефект.
Прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ленинова“, на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански одреди“.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на прекините и да ги завршат неопходните обврски пред почетокот на интервенциите.





