MKinformer

your daily dose of news

Без вода денеска делови од Центар и Чаир поради дефекти на водоводната мрежа

04/02/2026 11:41

Поради два планирани зафати на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат корисници од повеќе улици во општините Општина Центар и Општина Чаир, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Прекин во Општина Центар

Поради уличен дефект на улицата „Адам Мицкиевиќ“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од:

  • улицата „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“,

  • дел од улицата „Козара“,

  • дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, сè до целосно завршување на санацијата на дефектот.

Прекин во Општина Чаир

Поради уличен дефект ф-225 мм на улицата „Отокар Кершовани“ бб, без вода од 08:00 часот ќе останат корисниците од:

  • улицата „Отокар Кершовани“, вклучително и Амбуланта „Бит Пазар“,

  • улицата „Петре Георгиев“,

  • улицата „Чаирска“.

Водоснабдувањето и на оваа локација ќе биде воспоставено по завршување на работите на терен.

Надлежните апелираат граѓаните навремено да се снабдат со вода и да покажат разбирање додека траат интервенциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!