Почина Рамуш Муарам – Цирко, глас на вистината и хуморот
04/05/2026 23:38
Почина познатиот активист, хуморист и новинар Рамуш Муарам – Цирко
Рома Прес: „Загубивме силен глас на храброст и вистина“
Рамуш Муарам – Цирко, познат активист, хуморист, новинар и публицист, почина денеска, извести Рома Прес.
Колегите од медиумот велат дека со неговото заминување е загубен силен глас на човек со храброст, дух и вистина во секој збор.
„Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, пишуваат од Рома Прес.
Долга борба со болеста
Муарам подолг период се борел со болест. Зад себе остава значаен белег во медиумскиот и јавниот живот, децении посветени на борбата за правата на ромската заедница, за вистината и за хумористичното изразување на општествените појави.
Емотивна проштална порака
Информацијата за неговата смрт ја сподели и Габриел Бајрам, син на поранешниот политичар Амди Бајрам, кој се прости со емотивна порака на социјалните мрежи.
Почивај во мир
Со заминувањето на Цирко, ромската заедница, но и пошироката јавност, останува без еден од најпрепознатливите гласови кои со децении не се плашеше да каже и да напише она што го мисли.
Почивај во мир, Цирко. 🕊️
Редакцијата на МК Информер искажува длабоко сочувство до фамилијата Муарем.






