MKinformer

your daily dose of news

Делови од Скопје денеска без струја – ЕВН најави прекини во повеќе општини

24/02/2026 9:58

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска поради планирани технички зафати повеќе делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.

Општина Центар

Во периодот од 07:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“, во близина на грчката амбасада, како и станбените и деловните објекти на булевар „Партизански Одреди“ со броеви од 19 до 23.

Општина Кисела Вода

Од 08:30 до 13:40 часот прекин во снабдувањето ќе има на улицата „Јустинијан Први“, на потегот од маркет „Вајота“ кон селото Студеничани.

Општина Сопиште

Во селото Долно Соње, од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата 8 и дел од улицата 12.

Општина Гази Баба

Во населбата Трубарево, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, струја нема да има на улиците 30, 36 и 38.

Општина Карпош

Од 09:30 до 12:00 часот прекин е најавен за булевар „Партизански Одреди“ бр. 70Б (ТЦ „Алумина“), а од 11:00 до 15:30 часот дел од улицата „Женевска“ исто така ќе биде без електрична енергија.

Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените термини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!