Скопје денеска до 26, од утре пороен дожд и засилен ветер
06/05/2026 8:45
Променливо облачно со сонце денеска, од утре попладне врнежи и грмежи
Денеска температури до 27 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
🌡️ Минимална температура: од 3 до 10 степени
🌡️ Максимална температура: од 21 до 27 степени
Скопје: Променливо облачно, до 26 степени
Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
🌡️ Минимална температура:7 степени
🌡️ Максимална температура:26 степени
Од утре попладне, нестабилно со дожд и грмежи
Од утре (четврток) попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, но наместа ќе има повремени врнежи од дожд.
🌩️ Локално времето ќе биде нестабилно со:
пороен дожд
појава на грмежи
засилен ветер
Во петок врнежите ќе бидат пообилни.
🌡️ Минималните температури насекаде ќе бидат над нула.