MKinformer

your daily dose of news

ПУТИН ГО ЗАПАЛИ ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД! Дроновите од Украина го шокираа светот, демонстрирана Руската моќ! (ВИДЕО)

09/05/2025 11:12

Во Москва, точно во 10 часот по локално време (9 часот по средноевропско време), започна Парадата на победата по повод одбележувањето на 80 години од триумфот над фашизмот.

Церемонијата започна со свечено носење на руското државно знаме и Знамето на победата на Црвениот плоштад, придружени од музиката на песната „Света војна“. Потоа, претседателот на Русија, Владимир Путин, им се обрати на присутните.

Путин нагласи дека Русија отсекогаш била и ќе остане бариера против нацизмот и антисемитизмот, и дека подвигот на многуте народи за време на Втората светска војна ќе остане траен дел од светската историја.

Во обраќањето на воената парада, тој изјави дека Русија ја слави 9 мај како најзначаен ден, нагласувајќи ја важноста од национално единство, зачувување на традицијата и културата и оддавање чест на хероите од минатото.

По говорот на Путин, следеше минута молчење во знак на почит.

На парадата учествуваа над 20 светски лидери, меѓу кои и претседателите на Кина (Си Џинпинг), Венецуела (Николас Мадуро), Бразил (Лула да Силва), Србија (Александар Вучиќ) и премиерот на Словачка (Роберт Фицо), како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Пред почетокот, делегациите беа пречекани во Кремљ од страна на Путин, по што заедно се упатија кон трибините на Црвениот плоштад.

Временските услови ќе ја одредат можноста за авионски прелет.

Главниот град беше украсен со знамиња и билборди за добредојде на странските гости. Безбедносните мерки беа максимално зајакнати, со најави за ограничување на мобилниот интернет.

Покрај Москва, воени паради по повод Денот на победата се одржуваат низ неколку руски градови секој 9 мај, но главната церемонија е токму на Црвениот плоштад.

Гостите на парадата добија подароци како што се книгата „Василиј Теркин“ од Твардовски, капи и друштвена игра со тематика од Втората светска војна.

Парадата, организирана по повод 80 години од победата во Големата патриотска војна, се одвива под покровителство на претседателот Путин, објави РИА Новости.

error: Содржината е заштитена од копирање !!