MKinformer

your daily dose of news

Америка не го прекршила прекинот на огнот со вчерашниот напад врз Иран, тоа бил само одмазнички напад

08/05/2026 7:19

Американската војска изврши одмазднички напади врз цели во Иран, откако, според Вашингтон, ирански сили нападнале американски воени бродови. Ова го потврдија и американската војска и светските агенции.

Според извештаи што ги пренесоа американски медиуми, нападнати биле подрачја кај Кешм и Бандар Абас. Во исто време, ирански државни медиуми јавија за експлозии и засилена противвоздушна активност и во близина на Техеран.

И покрај новата ескалација, американски претставници тврдат дека ова не значи формално обновување на војната. Според Фокс њуз, висок американски функционер изјавил дека нападите не претставуваат рестартирање на конфликтот, ниту крај на прекинот на огнот. Слична линија пренесоа и други американски медиуми, наведувајќи дека Вашингтон потегот го третира како „самоодбрана“.

АП објави дека американската страна и натаму инсистира оти прекинот на огнот останува кревок, но формално сè уште важи. Во меѓувреме, Техеран ги потврди судирите кај Кешм и нарушувањата кај Бандар Абас, додека состојбата на терен останува напната.

Најновите случувања покажуваат дека ситуацијата меѓу САД и Иран повторно е на раб на поширока ескалација. Иако од Вашингтон се обидуваат да ја задржат формулацијата дека примирјето сè уште постои, новите напади дополнително ја зголемуваат неизвесноста во регионот. Ова е заклучок што произлегува од официјалните американски изјави и извештаите од теренот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!