Променливо облачно време со дожд, на места и поројни врнежи со грмежи
13/05/2026 7:25
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Повремен дожд се очекува претежно во западните делови од земјава.
Локално ќе има услови и за краткотраен пороен дожд. Можно е и појава на ретки грмежи.
Во западните региони ќе дува ветер од западен правец. Долж Повардарието ќе дува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 17 и 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во утринските часови, во делови од котлината, ќе има услови за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Повремено ќе има локални врнежи од дожд.
Во попладневните часови на некои места ќе се создава нестабилна облачност. Тоа ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите во наредниот период ќе бидат во опаѓање.






