MKinformer

your daily dose of news

Околу 18 рудари блокирани во рудникот Трепча на Косово

14/05/2026 13:40

Околу 18 рудари блокирани во рудникот „Трепча“ на Косово

Дефект на трафостаница ја предизвика блокадата

Околу 18 рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово. Според косовските медиуми, тие се заглавени под земја поради дефект на главна трафостаница.

Синдикатот: Состојбата е добра, но резервите се сушат

Претседателот на синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но еден дел од нив успеал да излезе над земја.

„Состојбата на заглавените рудари е добра“ – изјави Јонизи.

Снебдување со храна и вода

„Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат снабдени со храна и вода, бидејќи нивните резерви се исцрпуваат“ – наведе Јонузи.

Тој не прецизира зошто рударите се заглавени под земја, додека според косовските медиуми, причина е дефект на главна трафостаница.

error: Содржината е заштитена од копирање !!