MKinformer

your daily dose of news

По 16 часа под земја, спасени сите 18 рудари од „Трепча“

14/05/2026 17:13

Осумнаесетте рудари кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на рудникот „Трепча“ во Косово, излегоа на површина.

Според информациите, никој од нив не е повреден. Рударите успеале да излезат откако накратко било обновено снабдувањето со електрична енергија.

Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека првично во рудникот биле заглавени 40 лица. Од нив, 22 успеале порано да излезат, додека останатите 18 останале во подземната галерија.

Околу 18 рудари блокирани во рудникот Трепча на Косово

Инцидентот бил предизвикан од сериозни технички проблеми со струјата, а по долгата неизвесност ситуацијата заврши без жртви и без повредени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!