MKinformer

your daily dose of news

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, утре средба со Пирц Мусар во Љубљана

17/05/2026 9:20

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија.

Утре, на 18 мај, во Љубљана таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Според агендата, двете претседателки најпрво ќе имаат тет-а-тет средба. Потоа ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

За време на посетата, Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.

Предвидено е таа да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Во рамки на посетата, претседателката ќе ја посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана. Таму ќе оствари средба со членовите на Сојузот на македонските културни друштва и со претставници на црковните одбори.

Сиљановска-Давкова ќе има средби и со македонски иселеници во Словенија кои работат во областа на науката, културата и медицината.

Планиран е и состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ претседателката ќе го посети Македонското културно друштво.

Во вторник, на 19 мај, Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“

error: Содржината е заштитена од копирање !!