Дел од Центар денеска без вода поради дефект на улицата „Никола Карев“
18/05/2026 7:51
Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб, денеска без вода ќе останат дел од корисниците во скопската населба Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 09:00 часот и ќе трае до санирање на дефектот.
Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, како и дел од населбата Пролет.
Прекин во водоснабдувањето ќе има и во Центарот за јавно здравје, основното училиште „11 Октомври“ и детската градинка во овој дел од градот.



