Бардовци и делови од Центар денеска без вода
30/06/2026 7:52
Жителите на населбата Бардовци и дел од корисниците во централното градско подрачје денеска ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради планирани работи и санација на дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без вода ќе остане целото населено место Бардовци.
Прекинот во Бардовци ќе трае од 01:00 до 10:00 часот.
Дефект на улицата „Народен фронт“
Дополнително, поради дефект на затворач со пречник од 150 милиметри на улицата „Народен фронт“ бр. 21, без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на истата улица.
Прекинот ќе го опфати потегот од Домот на печатот до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓорѓов“.
Прекинот ќе трае до завршување на санацијата
Прекинот на водоснабдувањето во овој дел од градот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Информацијата ја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.




