MKinformer

your daily dose of news

Делови од Бутел и Центар денеска без струја поради технички зафати на ЕВН

26/05/2026 8:33

Поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел и Центар, информираат од ЕВН.

Во општина Бутел, прекин на струјата ќе има од 08:30 до 11:30 часот. Без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“.

Во општина Центар, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат Музејот на современа уметност, како и дел од потрошувачите на улицата „Самоилова“.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски поради најавените прекини.

error: Содржината е заштитена од копирање !!