Локомотива излетала од помошни шини во Загреб и удрила во конструкција на билборд
27/06/2026 13:13
Маневарска локомотива излетала од помошни шини во Загреб, кај подвозникот Дубравица.
Според информациите од загрепската полиција, нема повредени лица и нема застој во сообраќајот. Увидот е во тек.
Полицијата околу 9:30 часот добила дојава дека локомотивата излетала од помошниот колосек. Таа се движела од запад кон исток.
По излетувањето, локомотивата завршила надвор од шините и удрила во конструкција на голем билборд.
Инцидентот се случил на околу петнаесетина метри од подвозникот, кој бил отворен минатата година.
Надлежните служби треба да ги утврдат причините за излетувањето на локомотивата.





