Комплетирано осминафиналето на СП 2026: Познати сите двојки и распоредот на натпреварите
04/07/2026 8:02
Комплетирано е осминафиналето на Светското првенство 2026, откако заврши фазата на шеснаесетинафиналето.
Последни место меѓу најдобрите 16 обезбедија Аргентина, која ја совлада селекцијата на Зеленортските Острови со 3:2, и Колумбија, која славеше против Гана со 1:0.
Во осминафиналето ќе настапат седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански селекции, кои воедно се и домаќини на турнирот, како и две африкански репрезентации.
Осминафинални двојки и распоред
Канада – Мароко, 4 јули, 19:00 часот
Парагвај – Франција, 4 јули, 23:00 часот
Бразил – Норвешка, 5 јули, 22:00 часот
Мексико – Англија, 6 јули, 02:00 часот
Португалија – Шпанија, 6 јули, 21:00 часот
Соединети Американски Држави – Белгија, 7 јули, 02:00 часот
Аргентина – Египет, 7 јули, 18:00 часот
Швајцарија – Колумбија, 7 јули, 22:00 часот
Осминафиналето стартува со Канада – Мароко
Осминафиналната програма започнува вечерва со дуелот меѓу домаќинот Канада и Мароко.
Четири часа подоцна следува пресметката меѓу Парагвај и Франција.
Во недела ќе играат Бразил и Норвешка, а во ноќта кон понеделник Мексико ќе се соочи со Англија.
Натпреварот Мексико – Англија првично беше разгледуван за промена на терминот, но ќе се одигра според првично утврдениот распоред.
Португалија – Шпанија како најголемо дерби
Еден од најочекуваните натпревари во оваа фаза е европското дерби меѓу Португалија и Шпанија.
Дуелот ќе се одигра во понеделник од 21:00 часот и се очекува да биде една од најатрактивните пресметки во осминафиналето.
Истата вечер ќе се сретнат и САД и Белгија.
Аргентина и Колумбија ја затвораат рундата
Осминафиналната рунда ќе биде затворена во вторник со дуелите Аргентина – Египет и Швајцарија – Колумбија.
По овие натпревари ќе бидат познати сите четвртфиналисти на Светското првенство 2026.





