Заврши групната фаза на СП, познати сите парови за 1/16 финалето
28/06/2026 8:14
Со натпреварите од последното, трето коло во групите Ј, К и Л денеска беше завршена првата фаза од Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Двете најдобропласирани репрезентации од секоја група изборија пласман во нокаут фазата. Меѓу нив се Мексико, Јужна Африка, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, САД, Австралија, Германија, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Јапонија, Белгија, Египет, Шпанија, Зеленортските Острови, Франција, Норвешка, Аргентина, Австрија, Колумбија, Португалија, Англија и Хрватска.
Во 1/16 финалето се пласираа и осумте најдобри третопласирани репрезентации: ДР Конго, Шведска, Гана, Еквадор, Босна и Херцеговина, Алжир, Парагвај и Сенегал.
Иран, Јужна Кореја, Шкотска и Уругвај без нокаут фаза
Од третопласираните репрезентации, Иран, Јужна Кореја, Шкотска и Уругвај не успеаја да се пласираат во нокаут фазата.
Натпреварувањето како четвртопласирани селекции го завршија Чешка, Катар, Хаити, Турција, Курасао, Тунис, Нов Зеланд, Саудиска Арабија, Ирак, Јордан, Узбекистан и Панама.
Нокаут фазата започнува со Јужна Африка – Канада
Првиот натпревар од 1/16 финалето ќе се игра вечерва во 21:00 часот по средноевропско време во Инглвуд. Ќе се сретнат Јужна Африка и Канада.
Потоа следуваат останатите дуели од првата нокаут рунда.
Бразил ќе игра против Јапонија на 29 јуни во 19:00 часот во Хјустон, а Германија истиот ден од 22:30 часот во Фоксборо ќе се соочи со Парагвај.
Холандија и Мароко ќе играат на 30 јуни во 03:00 часот во Монтереј. Истиот ден, Брегот на Слоновата Коска ќе се сретне со Норвешка во 19:00 часот во Арлингтон, додека Франција и Шведска ќе играат од 23:00 часот во Ист Радерфорд.
САД против Босна и Херцеговина, Португалија со Хрватска
Мексико ќе игра против Еквадор на 1 јули во 03:00 часот во Мексико Сити. Англија истиот ден од 18:00 часот во Атланта ќе се соочи со ДР Конго, а Белгија од 22:00 часот во Сиетл ќе игра против Сенегал.
Еден од домаќините, САД, ќе се сретне со Босна и Херцеговина на 2 јули во 02:00 часот во Сан Франциско.
Шпанија ќе игра против Австрија на 2 јули во 21:00 часот во Инглвуд, додека Португалија и Хрватска ќе се сретнат на 3 јули во 01:00 часот во Торонто.
Аргентина против Зеленортските Острови
Швајцарија и Алжир ќе играат на 3 јули во 05:00 часот во Ванкувер. Австралија и Египет ќе се сретнат истиот ден во 21:00 часот во Арлингтон.
Актуелниот светски шампион Аргентина ќе игра против Зеленортските Острови на 4 јули во 00:00 часот во Мајами.
Последниот познат дуел од 1/16 финалето е Колумбија – Гана, кој ќе се игра на 4 јули во 15:30 часот во Канзас Сити.
Сите парови за 1/16 финалето
Јужна Африка – Канада
Бразил – Јапонија
Германија – Парагвај
Холандија – Мароко
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Франција – Шведска
Мексико – Еквадор
Англија – ДР Конго
Белгија – Сенегал
САД – Босна и Херцеговина
Шпанија – Австрија
Португалија – Хрватска
Швајцарија – Алжир
Австралија – Египет
Аргентина – Зеленортски Острови
Колумбија – Гана




