Ирак е последниот патник на Мундијалот 2026
01/04/2026 10:12
Познати се сите учесници на Светското првенство 2026. Ирак е последниот патник на Мундијалот 2026, откако во интерконтиненталниот бараж во Монтереј ја совлада Боливија со 2:1.
Со оваа победа, Ирак обезбеди место во групата И. Таму ќе игра против Франција, Сенегал и Норвешка. Ова ќе биде прв настап на Ирачаните на Светско првенство по 1986 година.
Драма во европските баражи
Во европските баражи место на Мундијалот изборија Босна и Херцеговина, Турција, Чешка и Шведска. Босанците ја елиминираа Италија по пенали со 4:1, Турција славеше против Косово со 1:0, Чешка беше подобра од Данска по изведување пенали, а Шведска ја победи Полска со 3:2.
Босна и Херцеговина ќе игра во групата Б со Канада, Катар и Швајцарија. Турција е сместена во групата Д со САД, Парагвај и Австралија. Чешка ќе биде дел од групата А со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја, додека Шведска оди во групата Ф со Холандија, Јапонија и Тунис.
Познати се и сите групи
На Мундијалот 2026 ќе играат 48 репрезентации, поделени во 12 групи. Турнирот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Групата А се Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја и Чешка.
Б: Канада, Босна и Херцеговина, Катар и Швајцарија.
В: Бразил, Мароко, Хаити и Шкотска.
Д: САД, Парагвај, Австралија и Турција.
Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.
Ф: Холандија, Јапонија, Шведска и Тунис.
Г: Белгија, Египет, Иран и Нов Зеланд.
Х: Шпанија, Зелен ’Рт, Саудиска Арабија и Уругвај.
И: Франција, Сенегал, Ирак и Норвешка.
Ј: Аргентина, Алжир, Австрија и Јордан.
К: Португалија, ДР Конго, Узбекистан и Колумбија.
Л: Англија, Хрватска, Гана и Панама.
Ирак е последниот патник на Мундијалот 2026, а комплетирана е и конечната слика за групната фаза.






