MKinformer

your daily dose of news

Делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

06/07/2026 7:24

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска делови од неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија.

Прекините ќе бидат во Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

Прекин во Аеродром

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Тодор Чангов, во општина Аеродром.

Прекин во Гази Баба

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од улицата Методија Андонов Ченто.

Прекинот ќе ги опфати и објектите кај ЗПЗ Напредок, сендвичара „Хит“ и објектите од местото викано Триангла до надвозникот за Ченто, во општина Гази Баба.

Прекин во Карпош

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на објекти на улицата Вангел Дину.

Прекинот ќе опфати и дел од непарните броеви на улицата Франце Прешерн, во општина Карпош.

Прекин во Ѓорче Петров

Во периодот од 09:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од улиците Браќа Чакреви и Социјалистичка зора, во општина Ѓорче Петров.

Од ЕВН Македонија информираат дека прекините се планирани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!