MKinformer

your daily dose of news

До 13 часот: Два активни пожара

20/07/2026 13:15

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, еден е ставен под контрола

Пожарите се регистрирани во општините Новаци и Гостивар, додека пожарот кај Доброшинци е под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно три пожари на отворен простор низ државата. Од нив, два се активни, а еден е ставен под контрола.

Два активни пожара

Според информациите од ЦУК, активен е пожар во Општина Новаци, покрај локалниот пат од селото Новаци кон месноста Ергела, во близина на фотоволтаичната електрана „ФЕЦ Новаци“, каде што гори ниска вегетација.

Вториот активен пожар е во Општина Гостивар, покрај автопатот Тетово–Гостивар, во близина на селото Врбјаниште, каде исто така е зафатена ниска вегетација.

Под контрола пожарот кај Доброшинци

ЦУК информира дека под контрола е ставен пожарот во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што горела депонија.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен и да интервенираат на локациите каде што има активни пожари.

error: Содржината е заштитена од копирање !!